Скопјани викендов се забавувале со многу дрога

3,501

ПРИВЕДЕН ПОРАДИ ДРОГА – На 10.08.2020 во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„АВНОЈ“ го лишиле од слобода М.Н.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МАРИХУАНА КАЈ ДЕВОЈКА – На 10.08.2020 во 01.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Коста Новаковиќ“ ја лишиле од слобода Е.Г.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.






ПРАШКАСТА МАТЕРИЈА И МАРИХУАНА – На 10.08.2020 во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Анкарска“ го лишиле од слобода Б.Ф.(41) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени прашкаста материја и марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ЗАРАБОТИЛ ПОДНЕСОК ЗАТОА ШТО ИМАЛ МАРИХУАНА – На 09.08.2020 во 22.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ го лишиле од слобода А.Џ.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ЗАВРШИЛ ВО ПРИВОР ПОРАДИ ДРОГА – На 09.08.2020 во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кочо Рацин“ го лишиле од слобода Б.Ј.(37) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 09.08.2020 во 17.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Иван Хаџиниколов“ го лишиле од слобода Н.Т.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТЕШКО ПОВРЕДЕН ТРАКТОРИСТ – На 09.08.2020 во 07.30 часот било пријавено дека на шумски пат викан „Безгаштовски пат“, помеѓу Струмица и Берово, на планината Огражден, С.В.(31) од с.Бориево, управувајќи трактор со приколка, се излизгал од патот и паднал во дол. С.В. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица. На местото на незгодата излегле полициски службеници од СВР Струмица.

ФИЗИЧКИ НАПАДНАТ ЗА СООБРАЌАЈКА ВО ШУТКА – На 09.08.2020 во 21.00 часот Б.К.(27) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на ул.„11 Октомври“, пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, бил физички нападнат од Џ.Б.(24) од Скопје. Според пријавеното, на нападот му претходела  расправија поради претходно случена сообраќајна незгода во Шуто Оризари, во која бил повреден малолетник. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

КУЧИЊАТА КАСААТ – На 09.08.2020 во 14.30 часот во Полициска станица Аеродром А.Н.(43) од Скопје пријавил дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бил каснат од куче скитник.

ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА „ПАЈАК“ СЛУЖБАТА – Во текот на 07, 08 и 09.08.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се шест возила бидејќи биле нерегистрирани, осум возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, 31 возач затоа што управувале возила со брзина поголема од дозволената, а 111 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

АГРЕСИВНИ МИЛЕНИЦИ – На 09.08.2020 во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Ѓоре Шоптрајанов“ во Велес О.Т.(62) била касната од две кучиња –  домашни миленици.

(Дел од Билтенот на МВР од 10.08.2020 година)

Поврзани содржини