Скопјани шетаат со марихуана, канабис во кичевска ливада, 55 мигранти во „ивеко“

1,203

ДВАЕСТГОДИШНИК ФАТЕН СО МАРИХУАНА – На ул.„Димитрие Чупоски“ во Скопје, синоќа во 22 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Р.(20) од с.Љубин, затоа што при преглед кај него била најдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПРИВЕДЕН СКОПЈАНЕЦ ЗА МАРИХУАНАНа 21.08.2020 во 23.40 часот на ул.„Орце Николов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.Х.(42) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.






УШТЕ ЕДЕН СКОПЈАНЕЦ СО МАРИХУАНАНа 21.08.2020 во 23.50 часот на ул.„Коле Неделковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ш.(44) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПРИВЕДЕНИ ДВАЈЦА ЗА ПРАШКАСТА МАТЕРИЈАНа 21.08.2020 во 22.45 часот на ул.„Пиринска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.А.(23) и Б.Ј.(23), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

КАЈ КУМАНОВЕЦ НАДЕНА ПРАШКАСТА МАТЕРИЈАНа 22.08.2020 во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(37) од Куманово, затоа што при преглед кај него била пртонајдена бела прашкаста материја и кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

КАНАБИС НАЈДЕН ВО ЛОВАДАНа 21.08.2020 во периодот од 18.30 до 19.30 часот, по претходно преземени оперативни мерки, полициски службеници од Полициската станица Кичево, помеѓу селата Србица и Ново Село, кичевско,  поточно  на место викано „Арсланови ливади“, пронашле и одзеле саксии со растението Cannabis sativa и други предмети кои потекнуваат од кривично дело. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

55 МИГРАНТИ ПРОНАЈДЕНИ ВО „ИВЕКО“На 21.08.2020 околу 4 часот, на локалниот пат кој води кон с.Триводи, струмичко, полициски службеници забележале товарно возило „ивеко“, без регистарски ознаки. Возачот, откако го забележал службеното моторно возило, запрел, излегол од товарното возило и побегнал, заедно со лицата кои биле во возилото. По извршениот преглед и претрес на теренот биле пронајдени 55 мигранти. За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

АЕРОДРОМЕЦ КАСНАТ ОД КУЧЕНа 21.08.2020 во 12.30 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Б.(57) од Скопје пријавил дека на мостот „Близнак“ бил каснат од куче скитник.

ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТНа 21.08.2020 околу 17.15 часот на патниот правец Битола-Ресен се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди-А3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(20) од Битола и мотоцикл  „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(24) од Битола. Во незгодата, Д.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

ЖЕНА КАСНАТА ОД КУЧЕНа 21.08.2020 во 12.50 часот во Полициската станица Аеродром, Р.О.(64) од Скопје пријавила дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје нејзината ќерка Б.О.(36)  била касната од куче скитник.

 

Поврзани содржини