СКОПЈАНИ ПО КУСИ РАКАВИ Топол пролетен ден со температура до 28 степени
Минималните утрински температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а максималната ќе достигне до 28 степени Целзиусови.
Невообичаено топол и сончев пролетен ден, најавуваат метереолозите за денеска. Ќе дува слаб ветар од јужен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а максималната ќе достигне до 28 степени Целзиусови.
Во Скопје утринската свежина од 6 степени во текот на денот ќе се искачи дури до 28 степени. Највисоките дневни температури се очекуваат долж повардарието од Скопје на север до Гевгелија на југ.
Топло, но за неколку степени посвежо ќе биде во Маврово и во Берово каде темепратурата ќе достигне до 20, односно 22 степени.