Скопјани од денеска ќе плаќаат два часа помалку паркинг

Ги известуваме граѓаните дека започнува зимското сметање на работното време. Па така во зоните А, Б и Ц од понеделник до петок ќе биде од 7 до 21 часот, додека, пак, во саботите од 7 до 14 часот - велат од Градски паркинг

917

Јавното претпријатие Градски паркинг од денеска започнува со зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за зонско паркирање.

– Ги известуваме граѓаните дека започнува зимското сметање на работното време. Па така во зоните А, Б и Ц од понеделник до петок ќе биде од 7 до 21 часот, додека, пак, во саботите од 7 до 14 часот. Ова би значело дека бесплатно паркирање ќе имаат сите оние што ќе се паркираат пред и по овие термини, во спротивно ќе си платат според утврдените цени по зони – се вели во соопштението од Градски паркинг.






Од претпријатието информираат дека на јавната површина наменета за паркирање – зона Д, работното време останува исто, како што беше и досега, од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.

Поврзани содржини