Скопјани, не трошете непотребно вода деновиве!
Апелираме до граѓаните на Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови - велат од Водовод.
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури, a oсобено да избегнуваат непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви.
– Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високите температури кои деновиве ќе достигнат и над 40°C, како и податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови – велат од Водовод.
Оттаму потсетуваат дека дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за вода за пиење и одведување урбани отпадни води, член 23) и се утврдуваат од овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за вода за пиење и одведување урбани отпадни води, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде покрената прекршочна постапка за сторено кривично дело.
– Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје. ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува граѓаните на одговорно однесување и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба. Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 023073 010, [email protected], www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS – наведуваат од Водовод.