📽️ СКОПЈАНИ НАСКОРО ЌЕ ВОЗАТ ПО НОВ БУЛЕВАР Кај „Момин Поток“ се работи со полна пареа

Паралелно, се работи и на левиот крак од мостот над реката Серава, преку кој ќе се одвива сообраќајот од раскрсницата со булевар Словенија директно кон клучката Момин Поток, создавајќи побрза и поефикасна врска меѓу важни градски артерии, објави градоначалникот на Скопје.

1

Наскоро скопјани ќе возат по нов булевар – на „Момин Поток“ се работи со полна пареа, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Со забрзано темпо се реализира еден од најзначајните инфраструктурни зафати во градот, заедно со изградбата на булеварот Никола Карев, најави Ѓорѓиевски.






„Во моментов, во напредна фаза е поставувањето на атмосферската канализација, сместена во средишното зеленило на булеварот Никола Карев, на потегот од реката Серава до раскрсницата со булеварот „Словенија“. Овој сегмент е клучен за безбедна, современа и долгорочно одржлива сообраќајна инфраструктура“.

Паралелно, пишува Ѓорѓиевски, се работи и на левиот крак од мостот над реката Серава, преку кој ќе се одвива сообраќајот од раскрсницата со булевар Словенија директно кон клучката Момин Поток, создавајќи побрза и поефикасна врска меѓу важни градски артерии.

„Како што ветив, Скопје пишува нова страница во својата историја. Со дела, не со зборови.Скопјани заслужуваат“, порача градоначалникот.

 

 

Поврзани содржини