📷 СКОПЈАНИ КИСНАТ НА ДОЖДОТ ПРЕД „ПРОЛЕТ“ Сѐ уште граѓаните со часови чекаат за промена на личните документи

Дојдов во 8 часот и веќе имаше луѓе пред мене. Да се чека на студеното време не е пријатно, но што да правиме, морам да ја заменам личната карта. Инаку за час и половина влегов во објектот, но потоа брзо се одвиваше целата процедура, ни вели една скопјанка која ја начекавме на излезот од пунктот.

20,673

Со чадори в рака и на студено време, скопјани со часови чекаат пред пунктот во полициската станица „Пролет“ кадешто може да се фотографираат за промена на личните документи со новото име без закажување.

Нашата екипа беше утрово беше пред објектот, а и забележа долги редици на граѓани кои и покрај лошото време стојат во ред за да бидат фотографирани и да дадат биометриски податоци за нова лична карта, возачка дозвола или пасош.






Уште од првиот ден кога се отвори пунктот во Пролет, речиси секојдневно има голем број граѓани кои чекаат со часови.

– Дојдов во 8 часот и веќе имаше луѓе пред мене. Да се чека на студеното време не е пријатно, но што да правиме, морам да ја заменам личната карта. Инаку за час и половина влегов во објектот, но потоа брзо се одвиваше целата процедура – ни вели една скопјанка која ја начекавме на излезот од пунктот.

Инаку, граѓаните претходно се пожалија дека не можат да добијат термин пред истекот на рокот на 12 февруари 2024 година до кога треба да бидат променети личните документи со старото име.

Поради тоа МВР на средината на ноември го отвори пунктот во полициската станица „Пролет“, каде што се поставени 10 кабини за фотографирање и за земање биометриски податоци.

Министерот Оливер Спасовски тогаш рече дека пунктот ќе работи од 8 до 18 часот, со можност за продолжување на работното време до 20 часот. Тој додаде дека според процените, дневно ќе бидат опслужувани 1.000 граѓани, по принципот „прв дојден, прв услужен“, а за услугата ќе се плаќа исклучиво со картичка.

Оттогаш голем број граѓани ја искористија можноста да се фотографираат без термин токму во овој пункт, но и по еден месец сè уште може да се забележат турканици пред пунктот во полициската станица „Пролет“.

Поврзани содржини