СКОПЈАНИ ЌЕ СЕ ГРЕАТ И ВО ВИКЕНДИТЕ ДО КРАЈОТ НА МАРТ Владата ја продолжи мерката за откуп на струјата од ТЕ-ТО

ТЕ-ТО ќе работи 24 часа за да се обезбеди топлинска енергија за скопјани до крајот на март.

1,450

Електраната ТЕ-ТО и во февруари и во март ќе произведува струја и топлинска енергија во викендите и ќе ја продава на ЕСМ.  Владата синоќа одлучи да ја продолжи мерката со која се обезбедуваат дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство.

– Донесена е одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 часот наутро до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 февруари 2022 година до 31 март 2022 година – соопштија од владината прес-служба.






АД „Електрани на Северна Македонија” – Скопје ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на ТЕ-ТО, според правата и обврските меѓусебно утврдени со склучен Договор за купопродажба на електричната енергија, стои во соопштението.

Поврзани содржини