СКОПЈАНИ ДА ГИ РАЗВИОРАТ ЗНАМИЊАТА НА ТЕРАСИТЕ Вечерва продолжува протестот против францускиот предлог
Протестниот марш ќе тргне во 19 часот пред Владата, ќе се движи кон Министерството за правда, каде ќе се порача дека Уставот не е тоалетна хартија, па ќе заврши пред Собранието на Македонија.
Вечерва од 19 часот продолжуваат протестите против францускиот предлог во Скопје, а организаторот ги повика граѓаните да ги развиорат македонските знамиња на терасите.
„Продолжуваме помасовно и побројно против отворената бугаризација и асимилација. Да се обединиме под македонското знаеме. Повикуваме секое семејство на својот балкон или прозорец да го развиори македонското знаме“, повикаа организаторите на протестот „Ултиматум – НЕ благодарам“.
Протестниот марш ќе тргне во 19 часот пред Владата, ќе се движи кон Министерството за правда, каде ќе се порача дека Уставот не е тоалетна хартија, па ќе заврши пред Собранието на Македонија.
„Масовно, мирно и достоинствено да протестираме, народот да е последната брана против нечесната игра која ќе направи насилна бугаризација на народот и на Македонија. Да кажеме ‘Не’ на ултиматумот“, повика организаторот.