СКОПЈАНЕЦ ЗЕМА МЕСЕЧНА ПЛАТА ОД 192.122 ЕВРА Најмладиот милионер има 9 години

Највисокото лично примање по основ на извршена работа пријавил граѓанин од Скопје и изнесува 280,6 милиони денари (4,55 милиони евра) на годишно ниво, а доходот е остварен во странство.

623

Жител на Скопје минатата година остварил и пријавил 446 милиони денари (7,2 милиони евра) годишен бруто доход. Највисока годишна бруто плата во 2022 година исплатена е на граѓанин од Скопје во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 144 милиони денари (2,3 милиони евра), покажуваат податоците што ги објави денеска на прес-конференција Управата за јавни приходи.

Како што информира директорката на УЈП Сања Лукаревска, највисокото лично примање по основ на извршена работа го пријавил граѓанин од Скопје и изнесува 280,6 милиони денари на годишно ниво (4,55 милиони евра) а доходот е остварен во странство. На врвот на листата за исплата на највисок доход од самостојно вршење дејност повторно се скопјани, а највисокиот износ е 61,9 милиони денари (1,06 милиони евра).






Најмладиот милионер кој остварил најголема добивка во денари има само девет години.

Во 10 топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија и од дејноста производство на амбалажи од хартија. Највисокиот доход од продажба на земјоделски производи е во износ од 18,9 милиони денари (30,7 милиони евра) а ја остварил жител на Скопје.

Највисоката капитална добивка минатата година изнесува 173,4 милиони денари (2,8 милиони евра), а е остварена и пријавена од граѓанин на Скопје кој продал удел во трговско друштво чија дејност е производство на филмови, видео филмови и телевизиска програма.

Највисоката исплатена дивиденда е во износ од 229,6 милиони денари (3,7 милиони евра) на граѓанин на Скопје, кој се јавува како сопственик на удел во компанија чија дејност е болници.

Поврзани содржини