СКОПЈАНЕЦ ЗАПАЛИЛ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ОХРИД 20-годишникот заврши во охридскиот затвор
Осомничениот скопјанец со уште едно лице, со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот „Туристичка" во Охрид.
20-годишен скопјанец намерно предизвикал пожар во угостителски објект во Охрид. Тој е приведен и одредена му е мерка притвор од 30 дена за „предизвикување општа опасност“.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.У.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 10.03.2024 во 03.40 часот, тој со уште едно лице, со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот „Туристичка” во Охрид. Судија на претходна постапка на М.У. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е префрлен во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката“ – стои во известувањето од МВР.