СКОПЈАНЕЦ ЗАГИНА ВО ПОЖАР ОТКАКО МУ СЕ ЗАПАЛИЛА КУЌАТА Неговата сопруга завршила во болница
При гаснење на пожарот, од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје бил пронајден починат сопственикот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Скопјанец загинал во пожар откако му се запалила куќата, а неговата сопруга завршила во болница.
„На 18 декември 2024 година, во 00.51 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Финска во Скопје настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишниот М.А.(71)“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
При гаснење на пожарот, од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје бил пронајден починат сопственикот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Неговата 68-годишна сопруга, А.В., со симптоми на гушење била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.
Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа на СВР Скопје.