Марихуана пронајдена кај скопјанец Вчера во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„8 Септември“, го лишиле од слобода С.Д.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
И прашкаста материја кај скопјанец на Јане Сандански На 06.08.2020 во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Јане Сандански“, го лишиле од слобода Д.Р.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Го уапсиле поради марихуана Ноќеска во 00.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Партеније Зографски“, го лишиле од слобода В.С.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
И поради прашкаста материја На 05.08.2020 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“, го лишиле од слобода А.Ќ.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Удрил во метална ограда со сеат ибица Прексиноќа во 21.00 часот било пријавено дека на автопат Скопје –Тетово, Ф.А.(21) од Скопје, управувајќи патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метална ограда. Во незгодата, сопатникот З.Ф.(19) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, а возачот и уште двајца сопатници Б.М.(25), И.Ш.(28) од Скопје се здобиле со телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
Го каснало куче На 05.08.2020 во 21.20 часот во Полициската станица Аеродром Р.Ѓ.(53) од Скопје пријавил дека на ул.„69“, под Железничка станица, бил каснат од куче скитник.
Фалсификувал исправа, го фатиле на Деве Баир На 05.08.2020 во 12.40 часот во Полициската станица за граничен премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, бил задржан К.Х.И.(34) од Турција, по што бил предаден во Полициската станица Кратово за понатамошна постапка.
Мигранти во Радовиш На 06.08.2020 во 01.50 часот на бул.„Александар Македонски“, во близина на бензинска пумпа во Радовиш, полициски службеници од Полициска станица Радовиш пронашле 17 мигранти, од кои 13 од Пакистан и 4 од Кашмир. Лицата се предадени за понатамошна постапка на полициски службеници од Полициска станица за гранична контрола и граничен надзор Ново Село.