СКОПЈАНЕЦ УДРЕН ОД ВОЗИЛО КОЕ ОДЕЛО ВО РИКВЕРЦ Брзата помош го однесе во Клинички центар
Полицијата е на самото место и ќе врши увид како се случила несреќата. Звукот на сирената на Брзата помош ги вознемири жителите, кои се собраа на улицата.
Скопјанец е повреден откако бил удрен со возило кое се враќало во рикверц на улицата Киро Крстевски Платник попладнево околу 15 часот.
Скопјанецот паднал на улицата, но бил во свесна состојба и се жалел на болки. Повикана била Брза помош која го однесе во Клиничкиот центар за испитувања на повредите и соодветно лекување.
Оваа улица е еднонасочна, како и повеќето во овој дел од центарот на Скопје. Но, и покрај тоа често се случува возила да возат во спротивен правец.
Полицијата е на самото место и ќе врши увид како се случила несреќата. Звукот на сирената на Брзата помош ги вознемири жителите, кои се собраа на улицата.