Скопјанец срушил бандера на булевар Словенија

438

Вчера во 11.00 часот било пријавено дека во Скопје на булеварот Словенија, 28-годишниот А.Н. од Скопје со автомобилот удрил во бандера, соопштуваат од МВР.

„А.Н.(28) од Скопје, управувајќи патничко возило рено твинго, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бандера. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Ф.Д.(21) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза‘. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.

Поврзани содржини