Полицијата вчера на улицата Манапо во Скопје го и лишиле од слобода 68-годишниот скопјанец Ф.А. поради кражба.
Како што соопшти денеска МВР, Ф.А. се сомничи дека вчера околу 18.10 часот на улица Мраморец со закана со остри предмети одзел чанта од 17-годишно девојче од Скопје.
„Кај него биле пронајдени острите предмети и одземеното. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се додава во соопштението на МВР.