СКОПЈАНЕЦ ШВЕРЦУВАЛ ТЕПИСОНИ Полицијата му одзела 300 теписони и стази

375

Лишено од слобода е лице кај кое се најдени 300 теписони и стази без документација, соопшти полицијата.

На 15.12.2025 година полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, во Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје. Откако било сопрено товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.






Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.

Поврзани содржини