СКОПЈАНЕЦ СФАТИЛ ДЕКА Е ИЗМАМЕН КОГА НА ВРАТА МУ ДОШЛЕ ИЗВРШИТЕЛИ Некој на негово име подигнал брзи кредити
Според извршителите, тој сега треба да плати долг од 80.758 денари.
Скопјанец пред четири дена непријатно се изненадил кога добил писмо од извршител за наплата на долг од 80.758 денари кој не го направил. Од писото сфатил дека некој пред 3 години му ги злоупотребил личните податоци за да подигне два брзи кредита.
Според соопштеното од плицијата, 23-годишниот скопјанец пријавил дека непознато лице ги злоупотебило неговите лични податоци и на негово име во текот на 2021 година подигнало два кредити од финансиско друштво на износ од 80.758 денари и потоа не ги вратило парите.
„На 24.06.2025 на домашна адреса му стигнало писмо од извршител за неплатен долг во износ од 80.758 денари, при што сфатил дека била извршена измама“, се наедува во соопштението.