СКОПЈАНЕЦ СЕ ЗАБИЛ СО „ОПЕЛ“ ВО БИЛБОРД Повредени се тој и неговата сопатничка
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека сопатничката М.К.(27) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Грaдската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.
Скопјанец на 35-годишна возраст синоќа после полноќ со својата „опел вектра“ удрил во билборд на улицата Теодосиј Гологанов, информира МВР во билтенот.
„Денеска (11.02.2024) во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, удрило во билборд. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека сопатничката М.К.(27) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Грaдската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.