Скопјанец се скарал со ќерка му, па пукал со пиштол низ дома

706

Во 14 часот вчера во полиција било пријавено дека на ул.„516“ во населбата Ќерамидница, по претходна расправија со неговата ќерка С.К.(42), П.К.(66) со пиштол испукал неколку куршуми кон ѕидот на собата.

На местото на настанот пронајдени биле две чаури, како и уште еден пиштол.






П.К. бил приведен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини