НОЖ ВО ЏЕБОТ – На 22.11.2020 во 2.15 часот, од полициски службеници од СВР Скопје, на подрачјето на Центар, при извршен преглед кај Ф.А.(23) од Скопје бил пронајден нож, со што сторил прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МАЛОЛЕТНИК НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – На 22.11.2020 во 3.04 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци–Неготино, на влезот кај с.Марена, патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Кавадарци, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.
ЗЛОУПОТРЕБА НА ТУРИСТИЧИ ПРЕСТОЈ – На 21.11.2020 полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект, лоциран во атарот на с.Неготино, Полошко, покрај автопатот Тетово-Гостивар. При контролата, во објектот биле затекнати и приведени три женски лица од Р.Албанија и едно од Р. Косово, на возраст од 24 до 37 години, поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на туристички престој. Тие биле задржани во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка. При контролата, исто така, лишени од слобода биле С.Т.(20) од с.Неготино, Полошко и А.М.(27) од с.Боговиње, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. Тие биле задржани во Полициска станица Гостивар и се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
ВЕСЕЛБА ВО ЗДУЊЕ – На 21.11.2020 во 19.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект во с.Здуње, сопственост на Џ.Б.(59) од Гостивар, се одржувала семејна веселба. Од полициски службеници било излезено на местото и во објектот биле затекнати околу 70 гости. Повикани биле и инспектори од Државен пазарен инспекторат и бил извршен увид. По целосно документирање на случајот, против Џ.Б. ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик.
(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 22.11.2020)