СКОПЈАНЕЦ ПУКАЛ КОН СОПРУГАТА, КУРШУМОТ ЗАВРШИЛ ВО ПРОЗОРЕЦ Ќерките го спречиле да пука пак, дошла полицијата
По расправија во домот во Кисела Вода, 55-годишник испукал куршум кон сопругата, кој завршил во прозорецот. Неколку дена подоцна повторно се заканувал, но ќерките успеале да го спречат да пука. Полицијата го уапсила истата ноќ.
Скопската полиција привела 55-годишен маж осомничен за семејно насилство и закани со пиштол. Според Министерството за внатрешни работи, во својот дом во Кисела Вода мажот пукал кон 48-годишната сопруга и им се заканувал на трите ќерки.
Децата биле на возраст од 26, 24 и 18 години.
Во пријавата се вели дека на 01.03.2026 по претходна расправија во домот испукал еден куршум. Куршумот завршил во прозорецот. Потоа се упатил кон двете помлади ќерки, на возраст од 24 и 18 години. Им се заканувал и физички ја нападнал 24-годишната ќерка.
Насилното однесување го повторил и на 05.03.2026 околу 22:30 часот. Тогаш повторно се заканувал со пиштол на сопругата. Ќерките го спречиле да го употреби оружјето.
На 6 март во 00:40 часот бил уапсен. Тој е задржан во полициска станица.