Скопјанец пријавил почината 30-годишна тетовка во Маџари

887

Денеска (10.5.2020) во 4 часот во СВР Скопје, Ф.Р.(29) од Скопје пријавил дека околу 3.30 часот починала М.К.(30) од Тетово со моментално престојувалиште на улица Перо Наков.

Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. Известен е јавен обвинител по чија насока телото е дадено на обдукција.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини