Скопјанец ограбен на плоштад во Скопје
Како што е наведено во полицискиот билтен, напаѓачите му ги одзеле сите пари и побегнале.
Педесет и двегодишниот С.Б. од Скопје вчера пријавил во полиција дека во 18.30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје бил пресретнат од четири лица и бил ограбен.
Како што е наведено во полицискиот билтен, напаѓачите му ги одзеле сите пари и побегнале.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.