СКОПЈАНЕЦ ОДНЕСЕ 7,5 МИЛИОНИ НА ПОСЛЕДНИОТ ДЕН ОД 2024 Видеолотарија Касинос Австрија лани исплати неверојатни 771 милиони денари

Секоја победа за нас е доказ дека играчите на ВЛТ имаат доверба во нашата платформа и дека продолжуваме да обезбедуваме одлични можности за добивки“, велат од компанијата.

7,912

 

Во 2024 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати неверојатни 771.676.389 денари на своите среќни играчи, кои ги освоија најголемите џекпотови: СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ џекпот. Овој податок ја потврдува среќната и супер добитна година за учесниците на видеолотариските игри.






„Играчите на ВЛТ во 2024 година имаа неверојатна среќа. Само на СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот, 33 играчи го поделија 334.714.742 денари. Оваа добивка го достигна својот пик со последната победа на К.К. од Скопје, кој на 30.12.2024 освои 7.467.633 денари“, велат од Видеолотарија Касинос Австрија.

Исто така, во текот на годината, беа освоени рекорден број на МИЛИОНЕР џекпотови, со вкупна исплата од 335.459.094 денари на 223 среќни победници.

„Секоја победа за нас е доказ дека играчите на ВЛТ имаат доверба во нашата платформа и дека продолжуваме да обезбедуваме одлични можности за добивки“, велат од компанијата.

Мини џекпотот исто така беше многу популарен, со исплатени 101.502.553 денари. Најиграни игри во 2024 година вклучуваат Брнинг Хот, Фламинг Хот, 40 Супер Хот и Шајнинг Кроун.

На крајот на годината, Видеолотарија Касинос Австрија ја активираше празничната премиум добивка, ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ, која вклучува фантастичен автомобил – Мерцедес Бенз Е 220 Д. „Од 1 декември 2024, нашиот ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ стана активен и ќе продолжи да ги возбудува играчите кои имаат шанса да го освоиат овој скапоцен автомобил. Кој ќе биде среќниот победник?“, велат од компанијата.

Со овие добивки и голема среќа, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да остане лидер на пазарот за видеолотариски игри и да обезбедува уникатни можности за своите верни играчи.

Поврзани содржини