СКОПЈАНЕЦ НАЈДЕН МРТОВ ВО ГАРАЖА ВО КИСЕЛА ВОДА Телото e предадено на обдукција

Починатиот е најден вчера во доцните вечерни часови во неговата гаража.

357

65-годишен скопјанец бил пронајден мртов во неговата гаража во скопската населба Кисела Вода. Медициската екипа констатирала смрт без видливи траги на насилство, а телото е предадено на обдукција.

„На 11.02.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред неговата гаража на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат Љ.С.(65) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“ – стои во известувањето од МВР.

Поврзани содржини