Скопјанец лажно пријавил дека го ограбиле, гостиварец силувал сограѓанка

620

ПРИВЕДЕН ДИЛЕР – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.М.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 18.04.2020 во Охрид, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(40) и И.Т.(52), двајцата од Скопје, вработени во Бирото за метрологија-Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавените, неовластено издале одобрение за товарно возило „ман“ сопственост на правен субјект од струшкото село Лабуништа, иако знаеле дека, според правилникот за единечно одобрување на возило од  законот за возила, товарното возило не ги исполнувало условите за такво одобрение. Со тоа, пријавените му овозможиле на сопственикот да изврши регистрирање на возило кое според законот за возила не можело да се регистрира.






ЛАЖНО ПРИЈАВИЛ ДЕКА БИЛ ОГРАБЕН – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А.(39) од с.Морани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. На 23.11.2020, тој лажно пријавил дека истиот ден на стариот пат Гостивар – Тетово, од с.Жеровјане кон с.Боговиње, додека се движел со патничко возило, две лица со закана му одзеле пари.

МИГРАНТИ ВО ВОЛВО – На 21.12.2020 во 12.00 часот на граничен премин „Богородица“, на царинскиот терминал, царинските службеници, во товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(47) од Делчево пронашле 15 илегални мигранти од Авганистан, од кои пет деца. Мигрантите биле пренесени во транзитен центар за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот..

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СТРУМИЦА – На 22.12.2020 во 00.50 часот на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Панче Пешев“ во Струмица, С.Г.(26) од Струмица, управувајки моторно возило „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метален столб. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

ПОВРЕДЕН ВОЗАЧ – На 21.12.2020 околу 23.00 часот во с.Ношпал, општина Могила, од С.К(18) од с.Ношпал, управувајќо патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски столб. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

ПОЖАР ВО ВИКЕНДИЦА – На 21.12 2020 во 17.50 часот во ОВР Виница, од Противпожарната единица Виница било пријавено дека во периодот од 14.00 часот на 19.12 2020 до 17.50 часот на 21.12 2020 на место викано „Кадинов рид“, атар на с.Блатец, виничко, настанал пожар на викенд куќа, сопственост на М.Д.(67) од с.Блатец. Пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница.

ГРАДЕЛ БЕЗ ДОЗВОЛА – СВР Охрид поднесе кривична пријава против У.У.(59) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“, Тој, како инвеститор и сопственик на куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид, без одобрение за градба изградил доградба на  куќата. По извршен инспекциски надзор од страна на овластен градежен инспектор, изготвено е решение за отстранување на нелегалната доградба.

ГОСТИВАРЕЦ СИЛУВАЛ ЖЕНА – СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(49) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. Тој, на 19.12.2020 во домот каде живеел во вонбрачна заедница, со употреба на сила извршил обљуба врз 34-годишна жена од Гостивар. Судија на претходна постапка од Основен суд Гостивар му одредил мерка притвор и тој бил спроведен во КПУ Затвор Скопје.

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА – На 21.12.2020 во 22.30 часот било пријавено дека на ул,,11-ти Ноември“ во Куманово, патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од С.Р.(28) од с.Опае, општина Липково, излетало надвор од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Г.(28) од с.Романовце, кумановско, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА, ИМА ПОВРЕДЕНИ – На 21.12.2020 во 22.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ш.Н.(33) од с.Дебреше и патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од Х.И.(48) од с.Врањовце. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило малолетна сопатничка од возилото „бмв“, а двајцата возачи и две сопатнички од едното и другото возило се здобиле со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

СУДАР СО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО – На 21.12.2020 во 07.50 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од А.С.П и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.. Во незгодата со повреди се здобил сопатникот во патничкото моторно возило „голф“. Извршен бил увид на местото од екипа на СВР Скопје.

(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 22.12.2020)

Поврзани содржини