СКОПЈАНЕЦ ИЗВРШИЛ ОБЉУБА ВРЗ 9-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Предаторот е приведен

717

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 32-годишниот Л.О. од скопско село, поради сомнение дека извршил обљуба врз девојче на возраст од девет години во друго село на скопското подрачје.

Настанот бил пријавен претходно, а полициските служби реагирале веднаш по добиената пријава. Осомничениот е задржан во полициска станица, а од СВР Скопје најавуваат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






За случајот е известено и надлежното Јавно обвинителство, кое го презеде натамошното водење на постапката. Во интерес на истрагата, од полицијата засега не откриваат повеќе детали за настанот.

Поврзани содржини