Скопјанец избоден во стомак во угостителски објект на „Џон Кенеди“

814

Од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ вчера било пријавено дека кај нив со повреди во неконтактибилна состојба бил донесен Е.Ј.(31) од Скопје, информира МВР.

– Дежурниот доктор констатирал дека повредениот се здобил со пет убодни рани во пределот на стомакот. Според добиените информации, Е.Ј. бил повреден во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.

Поврзани содржини