Скопјанец и Кичевчанец пронајдени починати во нивните домови

Договориле европски извештај, по што едниот од нив го нападнале две непознати лица.

672

КИЧЕВЧАНЕЦ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО СВОЈОТ ДОМ – На 21.09.2020 во 19.30 часот во Полициската станица Кичево, од Медицински центар Кичево било пријавено дека во дом на ул.„11 Септември“ бил пронајден починат С.В.(66) од Кичево. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Кичево, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

ВО СТАН ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ СКОПЈАНЕЦ – На 21.09.2020 околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Виа Игнатија“ во Скопје бил пронајден починат И.А.(65) од Скопје, кој живеел сам. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.






МЛАДИ МОМЧИЊА ФАТЕНИ СО МАРИХУАНА ВО АВТОМОБИЛ – На 22.09.2020 во 02.40 часот во СВР Охрид биле приведени С.С.(19), А.Ѓ.(19) и А.В.(20), сите од Охрид, затоа што при преглед кај нив во патничко возило „форд“, со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

МУ НАШЛЕ КОКАИН ВО ЏЕБОТ, А МАРИХУАНА ВО ДОМОТ – На 21.09.2020 во 18.30 часот во ОВР Струга бил приведен Д.О.(64) од Струга, затоа што при преглед кај него извршен на ул.„Ристо Крле“, полициски службеници пронашле и одзеле кокаин. При извршен претрес во неговиот дом, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

ГО ФАТИЛЕ И ГО ОДНЕЛЕ ВО ЗАТВОР ДА ОТСЛУЖИ КАЗНА – На 22.09.2020 околу 00.30 часот во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Б.Н.(34) од ова село, осуден на затворска казна за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. По приведувањето, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор-Тетово за издржување на казната.

ПОВРЕДЕНИ ТРОЈЦА ТУРЦИ ДОДЕКА ГРАДЕЛЕ ПАТ – На 21.09.2020 во 14.40 часот во Полициската станица Кичево, лекар од Итна медицинска помош Кичево пријавил дека во с.Душугубица, на пат во изградба Кичево-Охрид, додека извршувале работни задачи, се повредиле тројца турски државјани Е.К.(51), М.Х.(57) и К.Ѓ.. Тие биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ Охрид за укажување на лекарска помош. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

ГИ ТЕПАЛЕ И ИМ ГО ОШТЕТИЛЕ ВОЗИЛОТО – На 21.09.2020 во 21.40 часот во Полициската станица Струга, З.Н.(55) од Струга пријавила дека околу 17.30 часот во с.Калишта таа и Р.В. биле физички нападнати од С.А. и уште неколку лица, кои притоа им го оштетиле и патничкото возило „опел“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ПУКАЊЕ ОД ПИШТОЛ САКАЛ ДА НАПЛАТИ ДОЛГ – На 21.09.2020 во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.Р.(43) од Арачиново, скопско, пријавил дека околу 08.15 часот во угостителски објект на ул. „Методија Андонов Ченто“, по претходна расправија за должничко-доверителски односи, Б.М. и неговиот брат му се заканувале со тврд предмет и огнено оружје, по што Б.М. испукал и неколку куршуми во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СЕ ДОГОВОРИЛЕ ЗА ЕВРОПСКИ ИЗВЕШТАЈ, ПА ГИ ПРЕТЕПАЛЕ – На 21.09.2020 во 16.40 часот на влез во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р. од с.Арачиново и патничко возило „шкода фабија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(30). Според пријавеното, откако се договориле за пополнување на европски извештај, од угостителски објект, пред којшто се случила незгодата, излегле повеќе лица и физички ги нападнале Ф.В. и И.Т.(24), кој бил со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЗАПАЛЕНИ ДВЕ ВОЗИЛА ВО СКОПЈЕ – На 22.09.2020 околу 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло“,сопственост на Х.Х.(22) од Скопје и во патничко возило „тојота“,сопственост на А.Т.(68) од Скопје. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

ТИНЕЈЏЕР БИЛ НАПАДНАТ ОД ПОВЕЌЕ ЛИЦА – На 21.09.2020 во 16.30 часот во СВР Скопје, Н.П.(18) од Скопје пријавил дека во 01.00 часот во парк во близина на трговски центар на ул.„Народен фронт“, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од повеќе лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ И ЗАВРШИЛ ВО ПРИТВОР – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(40) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 15.09.2020 на ул.„Раим Лика“ во Кичево, пријавениот се однесувал агресивно и упатувал закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ СО ПИШТОЛ И ГО МАВАЛЕ СО КАМЕЊА – На 21.09.2020 околу 07.20 часот во Полициското одделение Петровец, Е.Л.(23) од с.Ќојлија, скопско, пријавил дека во с.Ржаничино, скопско, Д.К. му се заканувал со пиштол нему и на А.Л., додека Б.К. фрлал со тврди предмети кон камионот што тој го управувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини