СКОПЈАНЕЦ ГО ВЛЕЧЕЛ СИНОТ НИЗ ХОДНИК ЗА ДА ГО ИЗБРКА ОД ДОМОТ На малолетникот му се затемнило пред очи

372

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 37-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Насилство врз дете“ од член 201-а од Кривичниот законик.

На 5 април осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година.






„Кон детето се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во еден момент го фатил за дуксерот во делот на вратот, го повлекол и почнал да го исфрла кон ходникот. Потоа со рака го удрил во задниот дел од главата, со што му нанел повреда од која оштетеното дете почувствувало затемнување пред очите, вртоглавица и болка, а осомничениот продолжил насилно да го турка синот кон излезната врата од домот.

Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван, а против него се води уште една постапка за телесна повреда нанесена при семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на делото, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини