Скопјанец чува мече како милениче или за тренирање кучиња (ВИДЕО)

Видеото кое се споделува на социјалната мрежа Твитер е со наслов „скопски фраери чуваат мечка“, а се тврди дека потекнува од некое од околните села.

1,447

На социјалната мрежа Тик-Ток постојано се појавуваат скандалозни видео содржи кои ги синмаат корисниците на оваа мрежа во Македонија.

Најновото видео кое го привлече вниманието е поради тоа што наводно скопјанец чува мечка како домашно миленче иако со Закон за заштита на животните тоа е забрането.






Видеото кое се споделува на социјалната мрежа Твитер е со наслов „скопски фраери чуваат мечка“, а се тврди дека потекнува од некое од околните села.

На видеото може да се види малото мече кое е во игра заедно со куче од расата аргентинска дога, која во еден момент го напаѓа животното, по што се слуша глас во позадина кој го одвратува од намерата.

Не е познато дали малото мече е заробено и се чува како милениче или пак служи како спаринг-партнер за тренирање на кучиња, кои во повеќе делови од Македонија се користат за нелегални борби со кучиња, а притоа сопствениците заработуваат големи суми на пари.

Во Македонија постои Закон со кој мечките не смеат да се ловат и се под трајна заштита на државата.

Поврзани содржини