СКОКНАЛА ОД 3 КАТ ВО ПОРОЈ ЗА ДА ЈА СПАСИ ЌЕРКАТА Лејла, мајката херој од Босна, е во болница
Лејла е во болница, а по свекрвата сѐ уште се трага. Куќата им е целосно уништена од катастрофалното невреме што пред три дена ја зафати Босна, но најважно е што нејзината 13-годишна ќерка е спасена и е во добра состојба.
Лејла Залихиќ е мајка херој која скокна од третиот кат од својата куќа, исплива три километри во поројна вода и ја спаси својата 13-годишна ќерка за време на катастрофалните поплави кои го зафатија Бутуровиќ Поље.
Како што пишува Коњичани, Лејла, нејзината ќерка, сопругот и свекрвата ноќта на катастрофалните поплави завршиле во поплавата, а куќата им била уништена.Тие се спасени по повеќе од три километри пливање.
Без ориентација и со многу повреди во мрачната ноќ се спасени по повеќе од три километри растојание во Јабланичкото езеро.
Лејла има видливи повреди и е хоспитализирана, додека нејзиниот сопруг и ќеркаta се добри. За жал, сѐ уште трае потрагата по нејзината свекрва.
„Ја посетивме сосетката Лејла Залихиќ… Приказна, траума и хорор искуство за цел живот. Ние, нивните сограѓани и соседи мора да бидеме со нив денеска, утре и секој нареден ден додека сето ова не се доведе во најдобра можна состојба“, напиша нејзиниот сосед Арман Куртиќ на социјалните мрежи.