СКОКНАЛ ВО МОРЕ ДА ЈА СПАСИ КОЛЕШКАТА Неговата сопруга врескаше во агонија, за жал исходот беше трагичен! (ВИДЕО)

Во еден момент тој успеал да ја фати за раката, но карпата на која се најдоа била премногу лизгава за да се држат. Водата ги повлекла назад пред очите на шокираната Дарија, а од Ема и Данил потоа се губи секоја трага, пренесува East2West News.

1,972

Рускиот фитнес тренер Данил Гагарин (30) почина во шпанското летувалиште Торевиеја кога се обиде да ја извлече од вода својата колешка Ема Монконен (24), со која работеше во Аликанте.

Ема неразумно одлучи да скокне од карпа среде брановите во морето, што не беше поддржано од Данил и неговата сопруга Дарија, која беше до него.






Откако скокнала во вода, Ема почнала да се дави среде силната струја, па Данил скокнал во водата за да ја спаси.

Во еден момент тој успеал да ја фати за раката, но карпата на која се најдоа била премногу лизгава за да се држат. Водата ги повлекла назад пред очите на шокираната Дарија, а од Ема и Данил потоа се губи секоја трага, пренесува East2West News.

Залудно Дарија врескаше повикувајќи го својот сопруг. Потоа се јавила во спасувачката служба и по еден час го нашле телото на Ема Монконен. Само следниот ден и неколку километри подалеку, спасувачите го најдоа телото на Данил.

Дарија и го покажа видео од несреќата на полицијата, а потоа таа го објави видеото на социјалните мрежи со цел да влијае на луѓето ширум светот да не си играат со судбината.

Аљоша Мас, нивна пријателка од Шпанија, за медиумите изјави дека ваквите нуркања отсекогаш привлекувале луѓе кои имаат проблем со адреналин, но и дека честопати биле плаќани нивниот живот.

– Ова беше, благо речено, невнимателно и лудо. Сакам да им порачам на љубителите на адреналин – најдете побезбедни активности – рече Мас.

Поврзани содржини