СКОКНАЛ ВО ЕЗЕРОТО И ЈА ИЗВЛЕКОЛ Полицаец спасил 68-годишна жена во близина на Крушево
Веднаш полицискиот службеник од полициската станица од општа надлежност Крушево, Н.П. скокнал во езерото по неа и ја спасил, по што е пренесена во Здравствен дом Крушево, информираа денеска од МВР.
Во ОВР Крушево синоќа во 21.15 часот било пријавено дека 68-годишна жена сака да се фрли во езерото во близина на Крушево.
Полициски службеници се упатиле кон езерото и ја затекнале жената кога скокнала во езерото.
„Веднаш полицискиот службеник од полициската станица од општа надлежност Крушево, Н.П. скокнал во езерото по неа и ја спасил, по што е пренесена во Здравствен дом Крушево“, информираа денеска од МВР.