СКОКНА ЦЕНАТА ЗА ПОТПИСОТ НА ЕЛМАС Реал Мадрид и Барселона ќе треба да понудат сериозни пари за Македонецот
Наполи го купи Елмас за 16 милиони евра од турски Фенербахче, но сега неговата вредност е зголемена и се верува дека клубот од Неапол нема да го продаде за помалку од 40 милиони евра.
По одличните два натпревари против Ерменија и Исланд, цената на македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас скокна на неверојатни 40 милиони евра, објави реномираниот весник „Ил Матино“.
Како што вчера објавја шпанските медиуми, великаните Реал Мадрид и Барселона се сериозно загреани и сакаат да го доведат македонскиот „дијамант“ во своите редови, но договорот на македонскиот играч со Наполи е до 2024 година и тешко е да се верува дека тимот од Неапол лесно ќе се откаже од услугите на Македонецот.
Наполи го купи Елмас за 16 милиони евра од турски Фенербахче, но сега неговата вредност е зголемена и се верува дека клубот од Неапол нема да го продаде за помалку од 40 милиони евра.