СКЛУЧУВАЛ НЕЗАКОНСКИ ДОГОВОРИ И ИМ ПЛАТИЛ ПОВЕЌЕ ОД МИЛИОН ДЕНАРИ Поранешен директор на Пензискиот фонд доби кривична пријава поради корупција

Од 19 февруари 2022 година до 17 март 2023 година кога ја вршел функцијата директор на Пензискиот фонд, пријавениот Д.Б. во име на Фондот склучил повеќе договори со 6 физички лица постапувајќи спротивно од Законот за спречување корупција и спротивно од одредбите во склучените договори.

1,042

Единицата за корупција во Бирото за јавна безбедност поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Пензискиот фонд на Македонија Д.Б.(45) до Основното јавно обвинителство Скопје поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, соопштија од МВР.

Од 19 февруари 2022 година до 17 март 2023 година кога бил директор на Фондот, пријавениот Д.Б. во име на Фондот склучил повеќе договори со 6 физички лица постапувајќи спротивно од Законот за спречување корупција и спротивно од одредбите во склучените договори.






Пријавениот знаел дека ангажираните лица не ги извршувале работните задачи предвидени во склучените договори и дека Фондот не водел евиденција за редовност, но сепак повеќепати им исплатил парични средства на трансакциските сметки во вкупен износ од 1.387.558 денари или 22.525 евра на штета на Фондот, односно на Буџетот на Македонија.

Поврзани содржини