Скијачки клубови: Правда да истражи зошто Централен регистар не го впише Пановски за претседател на Скијачката федерација

Централниот регистар наместо да ја уважи волјата на мнозинството скијачки клубови и да го впише за претседател на Скијачката федерација еден од нашите најтрофејни и најуспешни скијачи со учество на две олимпијади и 179 меѓународни ФИС натпревари, Дејан Пановски, оваа институција ја донела истата спорна и правно неоснована одлука од претходно

677

Второстепената Комисија при Централниот регистар ја уважи жалбата на 10 скијачки клубови, ја поништи претходната постапка за упис, му наложи на Централниот регистар да ја повтори постапката и да ги земе предвид сите околности констатирани во Решението, реагираат 16 спортски скијачки клубови.

– Централниот регистар наместо да ја уважи волјата на мнозинството скијачки клубови и да го впише за претседател на Скијачката федерација еден од нашите најтрофејни и најуспешни скијачи со учество на две олимпијади и 179 меѓународни ФИС натпревари, Дејан Пановски, оваа институција ја донела истата спорна и правно неоснована одлука од претходно. Со ваквиот скандалозен чекор една државна институција демонстрира правно самоволие и дрско ја суспендира волјата на спортистите. Наметнувањето на претседател на Скијачката федерација ја загрозува спортската иднина на македонското скијање, го нарушува меѓународниот углед на државата и потврдува дека во Република Северна Македонија политиката се меша во спортот заради остварување нечии лични и бизнис интереси – велат од ски клубовите.






Од таму најавуваат дека ќе продолжат со сите правни средства да се борат да ја истераат правдината до крај. Најавија дека ќе поднесеат кривични пријави за сите лица кои ги злоупотребиле јавните овластувања и службената положба во конкретниот случај.

– За жал, принудени сме да ги известиме претставниците на делегацијата на Европската Унија во земјата за начинот на кој се загрозува правната сигурност и владеењето на правото, што не и приличи на една земја која претендира на полноправно членство.  Меѓународната скијачка федерација – ФИС е веќе известена за сите случувања во Скијачката федерација и официјално застана зад спортот и тимот што го поддржува Дејан Пановски. Упатуваме јавен повик до Министерството за правда да изврши увид во предметот за Скијачката федерација и да истражи зошто Централниот регистар упорно постапува спротивно од фактичката состојба – велат од скијачките клубови.

Од таму апелираме до Владата и Агенцијата за млади и спорт да не дозволат во меѓународната јавност да се зацврсти сликата дека во  Македонија политичкото влијание е клучно при изборот на раководни структури во спортските федерации, кои најчесто не се признаени од меѓународните спортски асоцијации и организации.

 

Поврзани содржини