СКИЈАЧИТЕ ЛАЗАРЕСКИ И ДЕХАРИ ДОБИЈА СЕРИОЗЕН СПОНЗОР Видеолотарија продолжува да биде пријател на спортот

Средствата од спонзорството ќе бидат наменети за помагање и поддршка на кариерата на македонските алпски скијачи, информираше Видеолотарија Касинос Австрија.

135

Видеолотарија Касинос Австрија ги поддржа скијачите Дардан Дехари и Мирко Лазаревски. Средствата од спонзорството ќе се искористат за нивна подготовка, информираше компанијата преку соопштение.

„Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да биде пријател на спортот. Под слоганот ‘Играј со најдобрите’, обезбедивме спонзорство за македонските алпски скијачи Мирко Лазарески и Дардан Дехари. Средствата од спонзорството ќе бидат наменети за помагање и поддршка на кариерата на македонските алпски скијачи. Дардан Дехари има долга и богата кариера и настапи на многу големи меѓународни натпревари, а минатата година беше единствениот алпинец во тричлениот олимписки тим на Македонија за зимските олимписки игри во Пекинг. Тој се натпреварува уште од мали нозе, ги минал сите возрасни категории, учествувал на светски првенства, на трки во Светскиот куп и многу други меѓународни натпревари. Мирко Лазаревски  е најдобар македонски скијач во неговата возрасна категорија. Тој учествувал на олимписките игри за млади во Лозана, европските олимписки игри во Финска, како и други меѓународни натпреварувања“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини