СКИЈАЧ ОД ДАНСКА ПОВРЕДЕН ПРИ ЛАВИНА НА ЦЕРИПАШИНА Бил пренесен во приватна болница во Скопје

241

Скијач од Данска бил повреден при лавина на местото Церипашина, на Шар Планина, вчера, соопшти полицијата.

Полицијата вчера во 1:50 часот добила пријава за повредено лице на Попова Шапка.






– Екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој, според пријавеното, бил повреден од снежна лавина додека скијал. По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје – информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Вчера од Националниот парк Шар Планина предупредија на внимателност бидејќи било забележано значително зголемување на лавинската опасност, особено на стрмни падини со источна, југоисточна и јужна експозиција на планината.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЗГОЛЕМЕНА ЛАВИНСКА ОПАСНОСТ НА ШАРА Избегнувајте ризични терени

Поврзани содржини