СКЕНДЕРБЕГ, ИСМАИЛ ЌЕМАЛИ, БРАЌА ФРАШЕРИ СЕ ДЕЛ ОД ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА НОВИ ИМИЊА НА УЛИЦИТЕ ВО ТЕТОВО Наскоро и граѓаните ќе можат да достават предлози
Од 297 улици во Тетово, само 81 имаат имиња, додека другите 216 или воопшто немаат називи или се означени со број. Општина Тетово во јануари минатата година формираше комисија која ги евидентираше улиците и сега е во фаза на отворање јавна дискусија за нивните имиња.
Улиците во Тетово ќе добијат нови имиња, а дел од предлозите се Скендербег, Исмаил Ќемали, Браќа Фрашери, објави ТВ21.
Од 297 улици во Тетово, само 81 имаат имиња, додека другите 216 или воопшто немаат називи или се означени со број. Општина Тетово во јануари минатата година формираше комисија која ги евидентираше улиците и сега е во фаза на отворање јавна дискусија за нивните имиња.
Претседател на оваа комисија е советникот Арѓенд Велиу од движењето Беса. Тој вели дека целта е улиците на Тетово да добијат име.
– Општина Тетово формираше комисија или работна група чија основна задача е да се занимава со промена на имињата на улиците, односно со именување и преименување на улици во градот Тетово, плоштади, паркови и некои инфраструктурни објекти. Оваа постапка започна минатата година. Уште една работна група која е фокусирана на терен, ги детектираше сите улици во градот и со конечниот извештај излезе дека во Тетово има вкупно 297 улици – изјави Арѓенд Велиу, советник од Беса.
Оваа иницијатива ја има поддршката и од советниците на ДУИ.
– Најпрвин разговаравме за поделба на оваа постапка во неколку фази, за првично да се именуваат улиците кои имаат само бројки и сите имавме консензус. Како советници на ДУИ инсистиравме да се сменат и улиците кои имаат стари имиња. Врз основа на последниот состанок мислам дека имаме договор дека и ова треба да биде вклучено. Даваме поддршка и активно учествуваме во овој процес и мислам дека нема да имаме проблем да стигнеме таму каде што треба да се биде – изјави Ветон Мурати од ДУИ.
Советникот на Алтернатива Фатон Селами спомна неколку предложени имиња за улиците.
– Предлозите ги поделивме во неколку групи и ќе наведам неколку. Дејци кои се предложени се Мурат Исаку, Фадил Сулејмани, просветителот Абдилселам Емини, хоџа Мамут Аслани, Реџеп Вока. Имаме и други личности од националната историја, како Скендербег, Исмаил Ќемали, браќата Фрашери – изјави Фатон Селами.
Следната недела Општина Тетово ќе распише јавен оглас и граѓаните ќе можат да ги достават своите предлози за имињата на улиците, а предлозите потоа ќе треба да поминат во Советот и на владина седница. Заедно со новите имиња ќе бидат доставени и предлозите или измените кои беа направени во 2007 година, објави ТВ21.