Холивудската актерка Скарлет Јохансон (35) се омажи за комичарот Колин Џост (38) по три ипол години врска. Тие се свршија во мај 2019 година.
Среќната вест на Инстаграм во четвртокот ја објави добротворната организација „Оброци на тркала“, која соопшти дека парот ги поддржува програмите на организацијата за спречување на гладот кај постарите луѓе ширум САД и помага да не се чувствуваат изолирано за време на пандемија.
„Воодушевени сме со објавување на веста дека Скарлет Јохансон и Колин Џост се венчаа минатиот викенд на интимна церемонија со нивното потесно семејство и саканите, следејќи ги безбедносните мерки на претпазливост за ковид-19. Нивната желба е да помогнат да се направи разлика за ранливите постари лица во ова тешко време“, велат од добротворната организација, замолувајќи ги фановите на парот да дадат донација.
Претставникот на Јохансон ја потврди веста.