СКАПИТЕ „ПРАДА“ ЧИЗМИ НА КАДИРОВ Чинат 1.250 евра, а предизвикаа гнев на социјалните мрежи

Споредено со Кадиров, украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна прошетал со патики Saucony Jazz при посетата на разурнатиот град Буча, чија цена на попуст изнесува 50 долари.

2,217

Лидерот на Чеченците, Рамзан Кадиров, предизвика гнев и обвинувања дека е лицемер на социјалните мрежи поради неговите скапи војнички чизми од колекцијата на „Прада“ од 2019 година кои чинат околу 1.250 евра, пишува Мондо. Ќерката на Кадиров е модна дизајнерка, па затоа чеченскиот лидер има можност да го купи речиси секое парче облека што ќе го посака. Се вели дека додека Кадиров држи говор, сите гледаат во неговите нозе.

Кадиров често е на мета поради односот со рускиот претседател, а го нарекуваат и „кучето на Путин“. Неговиот однос со Путин е од пред неколку децении, поточно, од времето на втората чеченска војна во доцните 1990-ти. Како што избледе владеењето на Борис Елцин, поединци во Кремљ сакаа да го издигнат Путин, тогаш поранешен член на КГБ, за негов наследник. Таткото на Кадиров беше тој што помогна да се зајакне имиџот на Путин за „опасен“ тип.






Што се однесува до облеката, медиумите јавуваат дека украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна прошетал со патики Saucony Jazz при посетата на разурнатиот град Буча, чија цена на попуст изнесува 50 долари.

Поврзани содржини