Скано: Тешка одлука е отворањето на границите, важно е да ги изолираме новите случаи и контактите
Најважно е кога се отвораат границите да видиме за каков пренос на вирусот станува збор, да ги изолираме новите случаи и да ги изолираме контактите - изјави на прес-конференцијата д-р Скано. Тој додаде дека вирусот нема да си замине, а колку побрзо го спуштиме гардот, ќе бидеме помалку претпазливи - толку побрзо вирусот ќе се врати. Но, тоа може да се менаџира.
За тоа дали дали отворањето на границите на земјата ќе придонесе да се зголеми бројот на заразени со ковид-19, односно дали некои мерки се прерано донесени, д-р Фабио Скано, советник на регионалниот директор на СЗО Европа, денеска одговори дека зголемувањето на бројот на заразени не го гледаме само во Македонија и во регионот, туку и во други европски земји кои почнаа со олабавување на мерките.
– Отворањето на границите е тешка одлука, но не може да се прави бинарна интерпретација во однос на здравствената состојба. Мора да се балансира, треба да обезбедиме рана детекција, без експлозивно ширење на заразата. Ако има потреба, во исто време да бидеме и селективни во однос на мерките кои се спроведуваат. Најважно е кога се отвораат границите да видиме за каков пренос на вирусот станува збор, да ги изолираме новите случаи и да ги изолираме контактите – изјави на прес-конференцијата д-р Скано.
Тој додаде дека вирусот нема да си замине, а колку побрзо го спуштиме гардот, ќе бидеме помалку претпазливи – толку побрзо вирусот ќе се врати. Но, тоа може да се менаџира.
– Затоа е многу важно однесувањето на индивидуата за намалување на ризикот за ширење на вирусот – да обезбеди тој нов случај да не ја шири заразата на други лица. Ова е круцијално – веднаш да се тестираат и изолираат контактите со заболените – нагласи д-р Скано.