Скано: Ширењето на вирусот може да се менаџира, ако соработуваат граѓаните и владата

Скано рече дека тој е дојден во земјава навреме за да им помогне на властите да ги насочат правилно мерките во наредниот период на олабавување.

679

Она што го гледаме во Македонија е загрижувачко и затоа дејствата што ќе се преземат во иднина ќе бидат значајни за спротивстаување на вирусот. Сега не е време за намалување  на мерките односно, за спуштање на гардот. Потребно е да се откриваат навреме на новозаболените. Сега е време да се отркиваат новите случаи и да бидеме пред вирусот. Резултатот од непочитување на овие мерки може да биде една експлозивна ситуација која жестоко ќе и наштети на еконимијата. Ние сме подготвени да продолжиме да ѝ помагаме на земјата,- рече во своето излагање советникот на регионалниот директор на СЗО Европа, Фабио Скано. на денешната прес конференција заедно со министерот за здравство Венко Филипче.

Скано рече дека тој е дојден во земјава навреме за да им помогне на властите да ги насочат правилно мерките во наредниот период на олабавување.






– Повтороното појавување на вирусот може да се менаџира, ако власта и граѓаните соработуваат. Владата ќе мора да продолжи да тестира да селектира и да става во карантин за да ги заштите граѓаните од вирусот и да го спречи неговото ширење. Граѓаните мора да бидат искрени и да ги кажуваат контактите кои треба да бидат навреме изолирани за да не се шири заразата — рече Скано.

Тој рече дека земјава  до неодамна беше најдобар пример во Европа за одговор на пандемијата.

– Одговорот беше силен навремен и агилен. Импресиониран сум од здравствените работници за заштита на граѓаните. Одговорот се случи уште од раните фази на пандемијата. Агилно и рани мерки за заштита на старите луѓе што придонесе за заштоита на старите лица – рече Сакано.

Тој, како што рече, деновиве се сретнал со државни претставници но и со верските поглавари со кои разговарал за она што треба да се преземе во иднина за да се спречи ширењето на вирусот.

– Вирусот нема наскоро да си замине. Брзо се шири и треба да направиме сѐ што е потребно и да бидеме пред вирусот. Целта на мојата посета е ми е да се запознам со епидемијата и ефектите од мерките што се презмеаат тука -рече Скано.

 

Поврзани содржини
na