СКАНДАЛОЗНО ОБВИНУВАЊЕ НА ТАЧЕ ДЕКА НОВИНАРИТЕ ОД ТЕЛМА СЕ ПРОДАЛЕ! Откако ја искара МРТ1 за анкетите, лидерот на СДСМ удри по уште една национална телевизија
Коментирајќи прилог на ТВ Телма за студентскиот оброк, Ковачевски вели: „Е тоа ви е кога медиумите ќе се стават во фунцкија на една политичка партија. И после ќе се освестат и касно е. И кај ќе трчаат? Кај СДСМ. Зошто? За да им ја вратиме демократијата. А они самите се продале. Оние уште сега се продаваат. Биткоин се купува кога е најевтино. И затоа сега таму се тргнати. И ова морам да го кажам, Па утре нека се лутат, ќе пушти ЗНМ да се извиниме, ќе се извиниме...“
„Или држава со европски стандарди или држава во изолација, со контролирани медиуми, на којашто ќе гледате само тоа што ви сервираат од штабот на ДПМНЕ“.
Ова, според претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, бил изборот пред кои биле исправени граѓаните пред овие избори.
Ковачевски со пример објасни кои се тие контролирани медиуми кои го пласираат само она што ни го сервираат „од штабот на ДПМНЕ“.
Така, владата се истакнала со студентскиот оброк од 140 денари за сите 28.000 студенти.
„И гледам една национална телевизија прави анкета и вика – ова ништо не е добро. Пази, национална телевизија. А штпо било добро? Нула да биде!“
Националната телевизије е Телма. Прилогот започнува со констатација на водителката дека 140 денари е понижувачка сума и дека студентите се жалат. Потоа следи анкетата со студентите.
Вака Ковачевски го гкоментира прилогот на Телма:
„Е тоа ви е кога медиумите ќе се стават во фунцкија на една политичка партија. И после ќе се освестат и касно е. И кај ќе трчаат? Кај СДСМ. Зошто? За да им ја вратиме демократијата. А они самите се продале. Оние уште сега се продаваат. Биткоин се купува кога е најевтино. И затоа сега таму се тргнати. И ова морам да го кажам, Па утре нека се лутат, ќе пушти ЗНМ да се извиниме, ќе се извиниме…“.
Ете, така Таче наш ги разбира европските стандарди во поглед на односот кон медиумите.
Овие купени, оние купени, ќе пушти ЗНМ реакција, ние ќе се извиниме и после – ќе ја вратиме демократијата.
Со ваков однос кон медиумите СДСМ мисли да оди на избори?
Еве што кажа Таче за Телма:
А еве што им порача на новинарите – пак ќе квицкате по подруми!