Скандалозна снимка протече на интернет: Том Круз се заканува со откази поради непочитување на мерките ВИДЕО

2,954

На iнтернет кружи видео со холивудската легенда Том Круз, додека тој им вика на вработените во продукцијата на последниот филм од серијата „Невозможна мисија“.

Овој филм започна да се снима во Италија на почетокот на годината, кога пандемијата на коронавирусот однесе илјадници животи, по што снимањето беше запрено.






Пред неколку месеци, Том со екипата се врати на сетот и снимањето продолжи со сите пропишани епидемиолошки мерки. Но, се чини дека само Том Круз води сметка за нив.

– Направете го тоа повторно и ќе летате надвор! Ако некој од екипата го направи тоа – крај! Дда не сте го направиле тоа никогаш повеќе – врескал Том Круз на тимот кој што ги прекршил правилата за физичка дистанца и носење маски.

– Создадовме работни места за илјада луѓе, по ѓаволите, не сакам повеќе да ве гледам такви, дали е јасно?! Луѓето од индустријата гледаатво нас за да видат дали е безбедно да се работи! Тие ги губат своите работни места, куќи, пари за децата и нивните колеџи, а вие се зафркавате?!“

 

 

ФОТО: REUTERS/IPA/SIPA

Поврзани содржини