Скандалозна корона забава во Сараево: Познати пејачи и министер славеле во ресторан ВИДЕО

1,334

Босна и Херцеговина почна да попушта со мерките, но угостителските објекти сè уште се официјално затворени. Но, некои правила не се придржуваат. Како што јавува Klix.ba, во понеделникот „зад завеси“ во еден сараевски ресторан се случила „корона забава“.

Околу 20 луѓе, меѓу кои биле и пејачите Халид Бешлиќ, Шериф Коњевиќ, Хари Варешановиќ, Слаѓана Мандиќ, Семир Цериќ и други, се собрале во еден ресторан во Сараево, каде била одржана приватна забава која ја приредил сараевскиот хирург Јусуф Шабановиќ по повод својот роденден. На прославата дошол и министерот за надворешна трговија и економски односи Сташа Коштарац како и Нихад Фејзиќ, декан на Ветеринарнарниот факултет во Сараево и член на телото за следење и анализа на ситуацијата предизвикана од коронавирусот во Кантонот Сараево.






Работењето на угостителските објекти и понатаму е забрането, но веселата екипа невешто се скрила зад навлечените ролетни на ресторанот.

Една од присутните на забавата била и Слаѓана Мандиќ која целата забава ја снимила на својот инстаграм-профил објавувајќи видеа. Распеаните Шериф, Халид, Хари со чаши во воздухот, се забавувале, а Слаѓана сето тоа го снимила, иако отпосле ги избришала снимките.

Полицијата реагирала и сите учесници во забавата се казнети. По пријавата, полицијата за 15 минути пристигнала во ресторанот. Гостите на „корона-забавата“ на лице место биле казнети со по 500 КМ, а газдата на ресторанот ќе заработи казна помеѓу 2.000 и 10.000 КМ.

„Срамота, ова е неверојатно! Луѓе што преку ден повикуваат строго да се почитуваат мерките, вечерта самите ги уриваат, додека половина милион луѓе во градот се во карантин. Никој не е над законот и сите ќе си ги добијат казните – изјавил за сараевски „Аваз“ министерот за внатрешни работи Исмир Јусо.

FOTO: Screenshot/Youtube

 

FOTO: 24sata.hr/Jutjub

Поврзани содржини