СКАНДАЛОЗНА КОМПРОМИТАЦИЈА НА ДКСК ВО РЕЖИЈА НА ЉУПЧО КОЦЕВСКИ И НА ГАВРИЛ БУБЕВСКИ? Антикорупционерите се прогласиле за ненадлежни за иницијативата на обвинителот Цветановски

Јован Цветановски до Државната комисија за спречување на корупоцијата ги пријавил јавните обвинители Љупчо Коцевски, Лиле Стефанова и Елвин Вели за судир на интереси при ланскиот надзор во скопското Вишо јавно обвинителство. Кој и зошто ги штити обвинителите поврзани со поранешното СЈО?

1,261

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на 13 октомври, без јасно образложение, донела одлука да се изземе од одлучување во врска со пријавата на обвинителот Јован Цветановски, доставена на на 24 декември минатата година.

Што содржи пријавата на обвинителот Јован Цветановски?






Во пријавата се вели дека јавните обвинители Љупчо Коцевски, Лиле Стефанова и Елвин Вели биле должни да внимаваат за потенцијален судир на интереси при спроведувањето на надзорот над работењето на Вишото јавно обвинителство Скопје, лани во октомври.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски знаел дека Лиле Стефанова и Елвин Вели имаат основи за судир на интерес при извршувањето на надзорот, тврди Цветановски.

Лиле Стефанова била во судир на интереси по повеќе основи. Таа вршела надзор за два предмета во кои претходно учествувала како обработувач на предметите во прв степен и ги застапувала (првично како обвинител во укинатото СЈО, а подоцна и како обвинитело во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција). Надзорот го користела со цел да го оправда незаконитото работење и пропустите кои претходно се утврдени од Вишото јавно обвинителство Скопје, што е документирано и за што е подготвен службен материјал. Суштествена пречка таа да врши надзор е и тоа што била пријавена и има статус на осомничена за кривично дело Злоупотреба на службената положба.

Наместо да одлучува за оваа пријава, ДКСК, откако ги пробила сите законски рокови, пријавата ја доставува на постапување до Советот на јавните обвинители.

Прекрешени многу одредби од Законот за спречување на корупција и судир на интереси

Важно е да се нагласи дека обвинителот Јован Цветановски иницијативата ја поднел во својство на службено лице, повикувајќи се на членот 17 став 1 алинеја 3 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Во Законот за спречување на корупција и судир на интереси јасно се дефинирани надлежноститe, роковите и начинот na одлучување. Во член 17 од овој закон се вели дека Државната комисија, меѓу другото, има надлежност да  постапува по пријави од физички и правни лица за сомнежи за корупција и судир на интереси.

Во член 76 ставот 6 од Законот е наведено дека одлуките од своја надлежност, за предметите за кои отпочнала постапка, Државната комисија ги донесува во рок од 30 дена. Во овој случај, пријавата е поднесена декември 2024 година, а одлуката во октомври 2025 година. Со тоа е сторена повреда на правото на навремена постапка и правото на ефикасна заштита, гарантирани со член 15 став 1 од Уставот и член 10 од Законот за општата управна постапка.

Во ставот 7 од членот 22 од Законот е предвидено ДКСК сите одлуки со образложение да ги објави на  нејзината веб-страница, во рок од пет дена од денот на нивното донесување. Тоа не е сторено. Седницата на ДКСК е одржана преку зум-каналот, бидејќи седниците се одржувале на ваков ситем, без присуство на јавноста. Во снимката од таа седница на Јутјуб може да се види со каква леснотија се образложува пријавата на обвинителот Цветановски и тоа само еден навод од неа, па и тој погрешно и нерелевантно претставен.

Зошто не се проверени сите наводи во пријавата на Цветановски?

Образоложението на одлуката на ДКСК во однос на пријавата на Цветановски, донесена после цели десет месеци,  фрла сомнеж на законитоста во работењето на Комисијата. Одлуката не се базира на проверени факти, туку на конструкција. ДКСК во целост не се произнесува на наводите од пријавата дека постоел судир на интереси.

ДКСК, попрецизно членот Софија Спасова Медарска, како известител, при проверка на наводите од пријавата на Цветановски, од јавниот обвинител Љупчо Коцевски – исто така пријавен за судир на интереси – прибавила писмено известување дека предмет на надзорот не бил предметот „Бонусите на СЈО“.

Коцевски со тоа се обидел да ја изманипулира ДКСК, бидејки како во пријавата на Цветановски, така и во нејзиното образложение, но и во приложените докази, не се тврди дека се вршел надзор врз предметот „Бонусите на СЈО“, туку спорно е нешто друго – дека Лиле Стефанова, како член на работна група, вршела надзор над работењето на Цветановски, иако била осомничена во конкретниот предмет „Бонусиоте на СЈО“. Со тоа, според Цветановски, се остава сомнеж во нејзијата пристрасност во вршењето на надзорот.

Но, Комисијата воопшто не разгледала уште еден друг битен, а ноторен факт – дека Лиле Стефанова учестувала како предметен обвинител во предметот „Поштенска банка“, за што кон пријавата како доказ е приложен и записникот КОК бр.124/21 од 11.04.2022 година на Основниот кривичен суд Скопје. Предметот „Поштенска банка“ дефинитивно бил опфатен со надзорот, а Стефанова објективно била во позиција на судир на интереси.

Кумовски врски и компромитација на ДКСК

Должност на известителот на ДКСК била внимателно да ги разгледа сите наводи во пријавата на обвинителот Цветановски. Наместо тоа, под нејзино влијание, членовите на Комисијата се огласиле за ненадлежни, кршејќи го начелото на интегритет, кое ги обврзува во вршењто на својата функција да постапуваат совесно, стручно, одговорно, чесно, ефикасно и непристрасно.

Зошто и кои се причините ДКСК цели десет месеци да не постапува по  пријавата на обвинителот Цветановски, за потоа да донесе ваква одлука?

Се шпекулира дека причина за тоа би можела да биде тоа што предметот на Цветановски паднал во рацете на известител на ДКСК, кој има кумовска блискост со обвинителот Гаврил Бубевски. А познато е дека обвинителот Цветановски и поранешниот шеф на скопското Вишо јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи паднаа на удар на државниот обвинител Љупчо Коцевски, откако се спротивставија да се затвори предметот за незаконските бонуси поделени во некогашното Специјално јавно обвинителство на Катица Јанева. Меѓу засегнатите обвинители на поранешното СЈО е и спомнатиот Гаврил Бубевски.

Поврзани содржини