СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ Поверував за украдената пила, околу Австријците се моташе делегација на ВМРО-ДПМНЕ
Да бидам искрен за миг и јас поверував на лажната вест за украдената моторна пила од австриските пожарникари. А и како да не поверувам кога токму тој ден околу Австријците се моташе делегација на ВМРО ДПМНЕ, напиша Ангелов на Твитер.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов продолжува да вџашува со своите скандалозни изјави откако земјава се бори со огнената стихија.
Откако вчера се прошири лажна вест дека била украдена моторна пила од австриската помош за пожарите, Ангелов на твитер напиша дека и самиот поверувал во информацијата за која се утврди дека е лажна.
Причините поради кои тој помислил дека некоја ја украл пилата е тоа што претставници на ВМРО-ДПМНЕ биле во контакт со спасувачите од Австрија.
– Да бидам искрен за миг и јас поверував на лажната вест за украдената моторна пила од австриските пожарникари.
А и како да не поверувам кога токму тој ден околу Австријците се моташе делегација на ВМРО- ДПМНЕ – напиша Ангелов на Твитер.